Заев: Вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките реков дека останувам за да помогнам
По завршувањето на состанокот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, претседателот на партијата Зоран Заев во изјава за медиумите потврди дека останува на функциите како што кажа, да се одржи парламентарното мнозинство или да се зголеми.
„Денеска имаме сугестии од Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат ниту се одлучува по моите оставки од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми и таква е одговорноста кон државата и целиот наш народ и логично е да бидам посветен на овој процес. Немам ништо друго дополнително да додадам затоа што претседавачот на Централниот одбор ги соопшти одлуките на Централниот одбор и даде одговор на сите прашања. Важно е државата да не се врати повторно во минатото на кавги и дома и надвор, да ги загрози евро-интеграциските процес, секако важно е заради тоа што сме во време на пандемија сеуште, енергетска криза, денеска владата носеше сериозни одлуки за сите овие прашања, одговорноста на секој граѓанин но и на политичарите опстојува. Дефинитивно се работи за време на одложување заради обид да се сочува парламентарното мнозинство на страната на Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Искрено очекувам дека парламентарното демократско мнозинство ќе се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатланскиот пат, тоа што е ориентирано за мултиетничкото општество, тоа што е ориентирано за држење на добрососедските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата и затоа се овие напори. Уште еднаш напоменувам вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам, да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство, ако може тоа парламентарно мнозинство и да порасне. Деновите се пред нас секако тоа ќе го дознаеме сите.“ – изјави синоќа Заев, по завршувањето на состанокот на Централниот одбор на партијата.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците