Македонија
11. July 2019 - 16:19

Заев тврди дека Русија не стои зад комичарите, косовските служби ги пресретнале повиците од Москва

Русија не стои зад комичарите кои го измамија премиерот Заев. По 2 дена обвинување за специјална војна врз Македонија, премиерот Заев денеска застана до руските амбасадор во земјава за да порача дека Русија останува пријател на Македонија

Во меѓувреме руските комичари објавија серија фотографии од пораките кои со нив ги разменувал македонскиот шеф на владата. Може да се забележи дека Заев телефонирал, испраќал фотографии и пораки за средбите кои што ги имал со европските лидери, а на руските комичари им го испратил и телефонскиот број на косовскиот претседател.

Косовскиот Претседател денеска потврди дека руските комичари се обиделе и него да го измамат но протоколот кој што го почитувал неговиот кабинет ги спречил во тоа.

- Јас не можам да разговарам со некого без да бидам информиран и без да се одредат темите за кои што би разговарале. А потоа треба и мојот кабинет да се поврзе на кабинетот на претседателот кој што сака да ме контактира од другата страна.
Пред 7-8 месеци се обидоа да зборуваат со мене, но му се заблагодарувам на кбаинетот за нивната професионална работа која што ги спречи овие измамници. – вели Тачи во својата изјава.

Опозицијата и денеска побара оставка од премиерот. Според ВМРО-ДПМНЕ, покрај целиот срам кој премиерот и го нанаел на државата загрижува и лесностијата со која како што велат тој нуди поткуп за весленскиот патријарх.

Премиерот Заев се најде среде скандал откако повеќе од една година телефонски комуницирал со руски комичари мислејќи дека разговара со поранешниот украински Претседател, Петро Порошенко.