Loading Video...
Македонија
10. August 2019 - 17:01

Заев тврди дека бил злоупотребен, Мицкоски бара промена на власта

Премиерот и лидер на СДСМ тврди дека во снимките кои денеска ги објави италијанскиот весник, а во кои и тој се споменува се работи за злупотреба на неговото име од Боки 13 со цел да ја зајакне својата позција во рекетот што го прави. Заев преку статус на Фејсбук уверува дека нема редовни контакти и соработка со првоосомничениот во случајот.

 „Во најновиот објавен разговор некои од осомничените го спомнуваат и злоупотребуваат моето име...Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот "Рекет" и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај.

Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка...“, напиша Заев

„Северна Македонија е подготвена за правда, колку и тоа да е тешко и трауматично. Правдата доаѓа. Секој ќе си одговара за сопствените постапки и тоа во фер, транспарентна и законита процедура“, пишува премиерот.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук вели дека Рекет не е изолиран случај на криминал во кој е вмешната актуилената власт.

... Катица, која е пуленот на Заев, треба да почекаме да се врати од "боледувањето" кое случајно го врви на море кај јужниот сосед, со надеж дека можеби и ќе залади за да се одоброволи да даде изјава за нејзиното учество во милионскиот рекет. Кики и Фрики се заштитените светињи, не затоа што се невини, туку затоа што блиску до врхушката на власт, а Заев ако треба и би жртвувал по некој само за да се спаси себе си. Знаеме дека ова не е изолиран случај, туку случајот Рекет е само камче од системот на криминал и корупција кој владее во Република Македонија., коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Решението го гледа во итни предвремени избори.

„Одговорот лежи во смена на оваа власт. И тоа не смена само поради смена, туку промена поради обнова на Македонија “, напиша Мицкоски

Од неговата партија бараат оставки од сите инвовирани, вклучително и на обивнителката Вилма Рускоска која го води предметот.

Ако материјалите кои излегуваат во јавноста ги поседува обвинителството на Русковска, тогаш наместо на одмор и замрзнување на истрагата, таа досега требаше да даде налог Катица Јанева да биде приведена, а истото требаше да го направи и за Зоран Заев. Во ваква ситуација останува сомнежот дека целата истражна постапка која наводно ја води обвинителството е една голема фарса

Новобјавените снимки од италијанскиот медиум според владејачката СДСМ, пак,  не укажувале  на каква било вмешаност на Заев во случајот Рекет, а дека нивната цел е само дикредитација на премиерот.

 Тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО,  да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност..... одговорност и за тајкуните на режимот за кои се отворени предмети во СЈО и кои се појавуваат на овие снимки. Сите предмети, од „Империја“, „Талир“ до „Титаник“ и “Тревник“, сите, мора да бидат расветлени до крај и секој што се огрешил пред законот, мора да одговара.

Партиски функцинери на СДСМ пак, бараат ново проветрување во партијата.

„Чистка на сите нивоа. Прво во сопствениот двор, а потоа и во целата држава. Исклучок за никого, се по ред, Македонија мора да ја биде“, напиша на Фејсбук Максим Димитриевски, партиски функцинер на СДСМ и градоначланик на Куманово.

Денешните снимки предизвикаа и револт кај адвокатот Александар Тортевски кој беше и советник во СЈО. Тој на Твитер напиша дека СЈО треба да отвори истрага за разговорите на Јанева.

„ Тоа што Катица сега слободно се сонча во Калитеа значи само едно. Некого многу сериозно го уценува. Ако воопшто се врати на работа Катица, целиот колектив треба да си отиде и да ја остави сама внатре или пак да и застанат на врата и да не и дозволат да влезе внатре“,напиша адвокатот.