Заев: Тој што е добар, тој што е подобар од претходно, може да биде најдобар
Во вечерашното гостување во вестите на Сител, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев истакна зошто граѓаните би го избрале концептот „Најдоброто за мојата општина“.
-Граѓани тоа го кажуваат на самите анкети, на кој што добро се проверуваат идните кандидати за градоначалници и советници и програмите како определби односно трајни потреби на граѓаните во секоја од матичните општини. Преку еден ваков систем на селекција ние како коалиција одлучивме тоа што граѓаните ни го кажаа дека за нив е најдобро,ние го преточивме во кандидатури на најдобрите. Досега покажавме дека сме подобри и тука нема дилеми во државата. Не само заради тоа што оваа Влада во последните четири години алoцираше огромни стотици милиони евра и илјадници проекти кон локалните самоуправи, туку самите локални самоуправи денеска се раздолжeни, денеска се ликвидни, денеска се стабилни и можат да ги сервисираат услугите на граѓаните и навистина тој што е добар и тој што е подобар од претходното може да биде само најдобар и затоа веруваме дека ги имаме најдобрите кандидати, ги имаме најдобрите програми и тоа очекуваме граѓаните да ни го кажат на 17 октомври и да го потврдат како најдоброто како неопходниот предуслов за да очекуваме динамиката во следните четири години да ја исполниме како што е прилично амбициозна, рече Заев.
Ново на Сител
-

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
-

Герасимовски во посета на збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование
-

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
