Заев – Тигањ: Македонија направи одлични реформски резултати, продолжува помошта во пристапниот процес кон ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, која од неодамна стапи на должноста во нашата земја.
Позната е поддршката која Хрватска ја дава на Македонија за остварување на двете стратешки определби, интеграцијата во НАТО и Европската Унија, посочи амбасадорката на средбата, додавајќи дека земјава направи огромен исчекор во остварувањето на реформските процеси и покажувањето спремност за зачувување на стабилноста во земјата и регионот.
На средбата, како што информира владината прес-служба, беше констатирано дека претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со Европската Унија, е одличен момент за заокружување на поддршката и донесувањето позитивна одлука ќе биде дополнителна мотивација за продолжување на реформите, како важен сегмент за одржувањето на порастот на економијата, капиталните инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Во разговорот, соговорниците изразија задоволство од досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји, кои се одвиваат без отворени прашања, карактеризирајќи ги како одлична основа за унапредување на трговската размена.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Останките на Цар Самоил пренесени во Софија
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
