Заев-Танги: Поддршка од Франција за евроатлантските интеграции

Направени се големи напори и напредок од оваа Влада на планот на реформите и европските интеграции. Потребни се гаранции дека ќе се спроведат сите реформи. Франција гледа благонаклонето кон почеток на преговори на Македонија за членство и треба да се продолжи да се работи во избраниот правец.
Овие забелешки на денешната средба со премиерот Зоран Заев ги пренела Лилијана Танги, пратеничка во Француското Собрание, заменик претседателка на Парламентарната група за пријателство Франција – Македонија и заменик претседателка на Комитетот за ЕУ прашања, придружувана од Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е изразена заедничка согласност дека од клучно значење како за евроинтеграциите, така и за сите граѓани во државата е воспоставувањето ефективна правна држава, почитување на институциите како и на уставните одредби. Исто така, поздравени се добрососедските односи и заеднички е изразена надеж дека низ конструктивни преговори со Република Грција ќе се дојде до решение на долгогодишниот спор.
Пратеничката Танги посочи дека Република Франција е поддржувач на евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и дека се создадени услови за зајакнување на односите меѓу двете држави и интензивирање на економската соработка.
- Реформите ги спроведуваме низ координација со делегацијата на ЕУ. Определени сме кон добрососедски политики, конструктивност и соработка со сите во државата, вклучувајќи ја во важните граѓански и државни процеси и опозицијата. Од тие причини очекуваме 2018 година да биде значајна за Република Македонија, да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ и да се активира автоматската покана за НАТО. Изразувам посебна благодарност до Република Франција за значајната поддршка што и ја дава на Република Македонија во сите важни демократски процеси, вклучувајќи ја и реализацијата на стратешките евроатлантски цели на државата, рече премиерот Заев.
На средбата беше потенцирана важноста од поддршка на реформскиот План 3-6-9 од страна на сите пратеници во Парламентот и сите политички субјекти. Исто така, беше истакната важноста од изградбата на Република Македонија во едно општество, со еднакви права и обврски на сите граѓани.
Француската пратеничка Лилијана Танги ќе ги пренесе впечатоците за актуелната политичка ситуација во Република Македонија на своите колеги пратеници во Француското Собрание, како и на францускиот премиер Емануел Макрон, со оглед на заинтересираноста на Република Франција да помогне во евроинтеграциските процеси како на Македонија, така и на целиот регион, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
