Заев-Суомалаинен: Да се искористи позитивниот моментум за напредок на Македонија

Реформските усогласувања во различните области согласно извештаите на ОБСЕ, актуелната политичка ситуација и интеграциските перспективи биле теми на денешната средба на премиерот Зоран Заев и Нина Суомалаинен, амбасадорка на ОБСЕ во заминување, поради завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, заеднички било заклучено дека реформите и добрососедските политики со пријателски и конструктивен дух се голем придонес во напредокот на државата и дека овој позитивен моментум треба да се искористи за понатамошни исчекори.
Премиерот Заев информирал дека реформите во изборното законодавство се прават согласно забелешките во извештаите на ОБСЕ, како и дека реформите во медиумите се во насока на отворање простор за истражувачко новинарство, за јасен критицизам и за слобода на говор. Појаснил и дека се работи и на реформи на професионализација на јавната администрација и на градење капацитети на институциите согласно потребите на граѓаните.
На средбата биле поздравени реформските политики на Владата, со акцент на потребната заштита на безбедноста на новинарите, како и реформите во полицијата.
- Работиме на заокружување на реформскиот процес, важен за ЕУ и НАТО, но и за квалитетот на живот на граѓаните, низ инклузивни политики. Работиме и на развој на добрососедските односи и на затворање на билатералните прашања што стојат на евро-атлантскиот пат на Македонија. Градиме општество со еднакви права и шанси за сите. На меѓународен план сме позиционирани на страната на мирот, против тероризмот и насилниот екстремизам. Очекувам позитивен период за Република Македонија, датум за почеток на преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО, рекол Заев.
Амбасадорката на ОБСЕ истакнала дека организацијата останува поддржувач на демократските процеси во Македонија и отворена за сите експертски потреби на земјата и граѓаните.
Премиерот Заев, се заблагодарил за пријателската и принципиелна поддршка што ја има Република Македонија од страна на мисијата на ОБСЕ, но особено за личниот ангажман, вложените напори и енергија, на амбасадорката Суомалаинен за време на нејзиниот мандат. сст
Ново на Сител
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
