Македонија
15. December 2019 - 16:25

Заев: Судството е последниот бастион на заробената држава

Судството остана последниот бастион на заробената држава. Премиерот Заев од граѓанската трибина во Скопје ги повика надлежните институции на одлучна борба со корумпираните судии и обвинители и истрага и одговорност за сите застарени предмети.

Шефот на владејчката партија во својот говор потенцираше дека неговата влада за две ипол години направила повеќе во економијата отколку неговите претходнице за 11 години години.

Според Заев, Македонија денеска е напредна држава која за реформите добива признанија целиот свет.

Министерката за одбрана рече дека пред 10 дена Македонија испишала историја седнувајќи на истата маса со членките во НАТО.

Борбата против загадуванњето беше во фокусот на говорот на скопскиот градоначалник. Тој рече дека за разлика од порано, сега градот и сите институции почнале решителна борба против овој проблем

Денешната трибина на СДСМ е продолжение на партиските настани во пресрет на веќе закажаните предвремени парламентарни избори.