Заев: Стапката на невработеност на младите од 41,9% во 2016, се намали на 29,6 % во 2020
Повод Меѓународниот ден на младите премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека стапката на младинска невработеност во земјава од 41,9% во 2016 е намален на 29,6 % во 2020
- Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на младите, под темата „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“, со цел да се потенцира дека без учество на младите, не може да се постигне глобален успех во таа насока.
Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна.
За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома.
Исклучително е важно, да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, а тоа се намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.
Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“, што даде значителен успех во однос активноста на младите на пазарот на труд во нашата држава.
Заедно со другите сеопфатни и координирани младински политики, како што е Оперативниот план за вработување, стапката на младинска невработеност од 41,9% во 2016, се намали на 29,6 % во 2020.
Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција (https://vlada.mk/sluzbenik-za-mladi).
Младите преку личен ангажман беа и сѐ уште се активни во справувањето со последиците од КОВИД-19.
Сакам да оддадам признание и благодарност до младите доктори, кои се директно или индиректно вклучени во здравствениот систем и кои неуморно се борат за животите на нашите граѓани и до сите млади волонтери, кои преку индивидуален, но и колективен ангажман, придонесуваат за справување со пандемијата.
#InternationalYouthDay се одржува секоја година на 12 август и е иницијатива која ги слави квалитетите на младите и ги препознава предизвиците со кои може да се соочи денешната младина.
Денешниот #МеѓународенДенНаМлади го одбележуваме, препознавајќи ја препознаваме важната улога на младите во креирањето на демократско општество и преку институциите заедно креираме политики за подобар живот за сите граѓани. - напиша премиерот Заев.
Ново на Сител
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
-

25-годишник обил сеф на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и одзел девет пиштоли
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
-

Детали од полициската акција: Запленети 130.000 евра, и десетина луксузни автомобили – дејствувалe во Шпанија, Грција и Србија
-

Мицкоски до бруцошите: Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата Македонија
