Заев - Стафансон: Поддршка од Шведска за заокружување на евроатлантската интеграција
- Шведска ја поддржува Македонија во продолжението на процесите што водат кон заокружување на евро-атлантската иднина на нашата држава, е пораката што ја пренесе шведксиот амбасадор Матс Стафансон на средбата со премиерот Зоран Заев попладнево на која станало збор за можноста за продлабочување на соработката помеѓу двете држави, на повеќе полиња од интерес на граѓаните на двете земји, како и за актуелни политички теми.
Како што соопштија од владината прес-служба, на состанокот е констатирано дека е неопходно сите политички субјекти да се посветат на конструктивни политики што носат напредок на Македонија и квалитетен живот за граѓаните.
- Мојата определба како премиер и определбата на Владата е низ интегративен политички процес во државата, да се постигне договор за важните политички прашања, во интерес на иднината на Македонија. Тоа го покажавме и во договарањето за ДИК, за финансирањето на политичките партии, за измените во Законот за Влада. Очекувам сите од опозицијата да се придружат на мнозинската политичка определба и на определбата на граѓаните за евро-атлантска иднина. Затоа верувам дека референдумот ќе биде успешен и на него ќе биде одразена мнозинската волја, за Македонија интегрирана во ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев, се наведува во соопштението.
Воедно, се додава, претседателот на Владата му се заблагодари на амбасадорот на Кралството Шведска за големата поддршка што и ја дава Шведска на Македонија во сите демократски и развојни процеси на нашата држава
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
-

Штип: 21-годишник ја претепал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка
