Заев: Со Програмата за соработка, Швајцарија го потврдува пријателството со Македонија
Програмата за соработка на Швајцарија со Македонија 2021–2024, и понатаму е израз на силната посветеност на оваа наша пријателска земја да ја продолжи поддршката на решавањето на преостанатите предизвици на нашата политичка определба, на нашите социјални и економски политики, особено сега во пост-ковид периодот, рече премиерот Зоран Заев на денешната промоција на Програмата на која беа присутни и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Тој изрази благодарност, во свое и во име на Владата, за грижата и приоритетите утврдени во Програма за соработка на Швајцарија со Македонија 2021–2024 година, кои како што рече „се особено релевантни за натамошниот развој на нашата земја и за благосостојбата на сите граѓани“ и додаде дека особен нагласок од главните области на Програмата имаат темите кои и Владата ги утврдила како приоритет за просперитетот на земјата со фокус на: борбата против корупција, понуди за миграција на сивата економија кон легалните економски текови, дигитализација и климатски промени.
-Финансиската поддршка од 65 милиони швајцарски франци за Програмата за соработка со Македонија 2021-2024 е креирана во тесна соработка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Државниот секретаријат за економски прашања, со институциите од централната и локалната власт, со партнерите од граѓанското општество и приватниот сектор. Швајцарија има релевантно искуство и експертиза во сите овие области, подвлече премиерот Заев издвојувајќи неколку од придобивките од Швајцарската програма за соработка со Македонија, особено во областа на демократското управување како најдолготрајна.
На промоцијата на Програмата за соработка на Швајцарија со Македонија 2021–2024, организирана од страна на Швајцарската амбасада во земјата, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада и заменик-амбасадорот, Лусиен Егетер, присуствуваа и заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски, директорката на Центарот за истражување и креирање на политики Марија Ристеска, претседателката на деловниот клуб Македонија – Швајцарија, Јасминка Талеска и претставници на важни партнерски институции и организации.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран