Заев: Со интегрираниот систем на податоци и со електронските алатки бесмислени стануваат стравувањата за манипулации со попис

„Денеска пописот веќе е поразлична статистичка операција од тоа што била порано, порано се формираа политички одбори коишто го спроведуваа пописот со одговорност на политичката власт, се формираше Државна пописна комисија, сега тоа го спроведува како насекаде низ ЕУ со ЕВРОСТАТ правилата, а статистичкиот орган тоа е кај нас Државниот завод за статистика, и тие веќе пилот пописот го поминаа одлично“, истакна премерот Заев во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
Тој додаде дека токму Европската комисија го регистрираше во својот извештај за нашата земја пилот пописот како фаза и ја оцени како одлична.
„Новината е што најголем дел од податоците електронски се собираат што денеска е можно со влечењето од базите што веќе ги имаме. Тоа е ЕВРОСТАТ правило. Денес, со интегрираниот систем кој што го има МВР ние во секој момент можеме да ги провериме податоците за било кој граѓанин. Дали е тука во државата и колку време е надвор од државата, тоа се проверува на копче буквално. Јас од кога сум премиер донесовме заклучоци на Влада заради тоа што знаевме дека еден ден ќе ни дојде потребата за попис. Така да стравот дека ќе се оставале лични карти тука на нашинците коишто живееле во дијаспората па ќе ги испишат со личните карти, а тие се всушност надвор, тоа е не возможно заради тоа што на еден клик знаеме кој е тука во државата кој не е тука и не треба да се плашиме. На крајот дали Македонците биле над 65% или под, Албанците над 20% или под или слично, нема ретроактивно дејствие. Никој не губи права, ниту добива права со тоа. Оваа земја веќе прерасна во граѓанска држава каде што граѓаните се еднакви со своите права и со своите обврски, пописот ќе каже колку сме, какви сме, кои се тука, кои се надвор од државата, пописот е економска потреба“, рече премиерот Заев на прашањето за пописот во интервјуто за ТВ Канал 5.
Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
