Македонија
21. May 2019 - 19:39

Заев со дијалог ќе бара решение за реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид

Охрид на чекор да го изгуби статусот во Унеско заштитено подрачје од Унеско.Центарот за светско наследство предлага градот да се стави на листата на загрозено заштитено подрачје и бара мораториум за градење како резултат на неконтролираниот урбан развој. Добрите познавачи во повеќе наврати предупредуваа дека

државата и градот немаат реализирано повеќе од половина од 19те забележки на Реактивната мисија на УНЕСКО, што ќе бидат разгледувани на специјална сесија на светската организација кон крајот на јуни во Баку.

И од здружението Совест испратиле допис до Унеско, од каде добиле повратно известување дека проблемот со зголемениот  обем на нелегални градежни активности во заштитеното централно граско јадро како и околу Али Пашината џамија ќе биде на дневниот ред на 43-тата сесија на Советот во Баку.

Премиерот Заев пак денеска најави дека со дијалог ќе се бара решение за нелегалната изградба на минарето на Али пашината џамија во Охрид.

УНЕСКО забележува дека охридското подрачје останува погодено од несоодветна градба и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој.