Заев: Сите материјали за прислушуваните разговори ги предадовме на СЈО, да се истражи кој ги објавува „бомбите“

Сите материјали од прислушуваните разговори ги предадовме на Специјалното јавно обвинителство на крајот на 2016 година и со тоа ја завршивме нашата обврска, одговори денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на новинарско прашање дали има информација од каде се новите „бомби“ поставени на Јутјуб за пратеникот Антонио Милошоски, според кои Милошоски се интересира за одлука на Врховниот суд поврзана со неговиот татко.
Како што рече Заев на прес-конференција во партиското седиште, доколку ги поседувал овие „бомби“, ќе ги објавел во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ како доказ за директно влијание врз судството.
– Дефинитивно ние ја завршивме нашата обврска и при крајот на 2016 година ги предадовме сите материјали во СЈО. Објавивме пакет од 35 „бомби“ и кога постигнавме договор за Пржинска влада застанавме, материјалите ги спакувавме на хард-дискови и текстуално и ги предадовме. Да не заборавиме кој прислушуваше и дека ние добивме само еден дел од материјалите, односно добивме околу 30 отсто од создадените материјали, рече тој.
Заев го повтори повикот на техничкиот премиер Оливер Спасовски институциите да истражат како и кој го поставил материјалот за Милошоски на Јутјуб.
– Она што објавувавме беа материјали за кои водевме сметка да не задираат во приватноста, а вчера објавениот материјал на Јутјуб не задира во приватноста, но е податлив за пратеникот Милошоски а ние колку што се сеќавам не сме го имале, одговори Заев.
Ново на Сител
-

Експерти: Реконструкцијата, можните предвремени избори и партиски прелети ја вжештуваат реториката
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Нема веднаш да се казнува ако се пушат цигари на места каде е забрането – законот ќе се спроведува во фази
-

Нови правила за вработување во здравството
-

Силен земјотрес од 4,6 според Рихтер ја погоди Македонија: Регистрирани низа други по синоќешниот силен удар
-

До април Владата ќе очекува детален извештај како работеле 43-те лиценцирани фирми за канабис
-

Судењето за полицајците обвинети за работата на „Пулс“ закажано за во март
-

Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца
