Македонија
1. March 2021 - 17:04

Заев сепак е оптимист дека кинсеките вакцини наскоро ќе дојдат во Македонија

Авансот за кинеските вакцини бил уплатен предвреме па затоа кинеските власти побарале негово повлекување. Додека завршат процедурите меѓу македонското и кинеското МНР не е добро пари да седат на сметка во друга држава, е објаснувањето на премиерот Заев за пролонгирање на постапката со Синофарм. На прашање на Сител до каде е процедурата од Министерството за надворешни работи не упатија одговорите да ги бараме во здравство. Никој не знае кога постарите од 70 години и ризичните групи на хронично болни ќе добијат заштита од Ковид-19, но првиот човек на Владата вели дека денови се во прашање за да ги добиеме ветените дози.  Уште непристигната  првата пратка Заев најавува нова од 200.000 и тоа повторно од Кина.

-Авансот е пуштен како дел од процедурата. Парите се тука, на истата сметка на Министерството за здравство. Денеска очекувам позитивна информација за постапката што е започната. Денови се во прашање кога ќе може да се потврди утовар за да дојдат вакцините во Северна Македонија,

Соодветните министерства на Кина побараа прво да се заврши документацијата, а потоа да се прави уплатата, вели Зоран Заев премиер на РМ.

Ситуацијата се обиде да ја ублажи и министерката за одбрана која вели дека е добро јавноста да ги знае сите информации па и тие дека ни го вратиле авансот. Според Шеќеринска многу земји во ЕУ се соочувале со проблемот за набавка на вакцини, иако таму имунизацијата е почната уште пред три месеци.

За истите фрустрации и незадоволство од набавката на вацини може да се слушне од многу земји членки на Европската Унија.„Најголемата група на земји која што во принцип се сметаше дека ќе го диктира темпото, но дури и тие се соочија со проблеми со дел од производителите и со обезбедување на потребните количини“, изјави Радмила Шекеринска, министер за одбрана.

Чекајќи ги кинеските, нема датум ниту за вакцините од Фајзер кои според најавите требаше да стигнат во февруари. Од здравство ни одговорија дека се во очекување на потпишување на договорот и испорака на вакцините во најкраток можен рок.

Опозицијата пак и денеска обвини дека ако Заев и Филипче имале доблест досега требало да поднесат остакви бидејќи ја засмејувале јавноста во целата трагедија што ни се случува со набавките на вакцини.