Заев се сретна со Харадинај во Приштина
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се сретнал денеска со премиерот Зоран Заев, на кому му честитал за, како што напиша на својата страница на Фејсбук, успешното заокружување на договорот со Грција, со кој се стави крај на спорот за името, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Се сретнав денеска со мојот хомолог од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното заокружување на Преспанскиот договор, кој ѝ гарантира на соседната држава јасна евроатлантска перспектива. Косово останува посветено на градењето на еден стабилен регион и во тој правец односите со официјално Скопје се одлични, напиша Харадинај, кој објави и слики од средбата со Заев.
Ккао што изјави за МИА портпаролот на македонската Влада Миле Бошњаковски, Заев имал кратка неформална средба со премиерот Харадинај на аеродромот во Приштина, непосредно пред неговото полетување за Германија, каде ќе помине неколку слободни денови во приватен аранжман.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа