Заев се сретна со европскиот комесар Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени
Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва се сретна со европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, придружуван од амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар.
На средбата се поздравени успешните политики на МВР и на Владата во делот на јакнење на капацитетите и соработката со ЕУ за справување со илегална миграција и за направените безбедносни реформи.
Констатирано е дека нашата држава ги исполни бараните стандарди од ЕУ и порачано е нашата држава да го задржи лидерството во реформскиот процес. Пренесена е пораката дека нашата земја ја има поддршката од Европската комисија којашто потврди дека нашата држава заслужува отворање на преговарачкиот процес.
На средбата, заеднички е констатирано дека европските интеграции се важни, како за стабилноста на нашата земја, така и на регионот.
-Работиме на спроведувањето на реформите и очекуваме да бидат вреднувани постигнатите резултати, како дома, така и во добрососедските односи. Почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ ќе овозможи проширување на соработката во борбата со криминалот и корупцијата, што ќе има резултати и на регионално ниво, рече премиерот Заев.
На состанокот, претседателот на Владата, Заев, се заблагодари на европскиот комесар, Аврамопулос за изразената поддршка за напредокот и интеграциските перспективи на Македонија.
Европскиот комесар Димитрис Аврамопулос е во Скопје за дводневниот Министерски форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на финското претседателство со ЕУ.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата