Македонија
11. January 2022 - 13:17

Заев: Сасоли беше голем пријател на Северна Македонија и на нејзиниот народ

И поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев се прости од Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, на социјалната мрежа Фејсбук, каде истакна дека Сасоли бил голем пријател на нашата земја.

„Со голема тага ја примив веста за смртта на Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.

Како голем поддржувач на европската идеја, нè поврза силното пријателство во споделување на највисоките европски вредности.

Беше голем пријател на Македонија и на нејзиниот народ и се залагаше ЕУ веднаш да ги исполни ветувањата за почеток на преговори со нашата земја.

Нека почива во мир“, се вели во статусот на Зоран Заев.