Заев: Ромите во Македонија имаат потенцијал да ја предводат сопствената интеграција
– Стратешките определби за Ромите во Република Македонија се и државни цели. Ромите во нашата земја имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствена интеграција и да бидат пример за останатите во регионот. Имаме политичко претставување на Ромите во Владата, во Парламентот, во општините, во институциите и пропорционалната застапеност треба да продолжи да се рефлектира и во останатите ешалони на централната и локалната власт, порача премиерот Зоран Заев, по повод Одбележување на 8 Април Светскиот ден на Ромите и 50 години јубилеј од одржувањето на првиот Ромски конгрес.
Одбележуваме, посочи Заев, 31 година од прогласување на 8-ми Април за Светски ден на Ромите и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата земја.
– Низа значајни настани, кои се карактеризираат со храброст, достоинство, доверба и сила во постигнување на целите од стратешките определби за Ромите и светската заедница на народите во која посебно место има за остварувањето на овие цели во Република Македонија, изјави Заев.
Зад нас, нагласи Заев, оставаме десет години од декадата на Ромите и неколку години од објавувањето на ЕУ рамката за интеграција на Ромите.
– Сите овие напори се трансформираа во одредени резултати со кои на ромската заедница им се подобрија можностите за еднакво учество со останатите заедници. МТСП заедно со советникот за инклузија на Ромите во мојот кабинет ќе продолжат со координирање на новата десетгодишна стратегија за Роми, согласно европската рамка и политики. Новата стратегија за Роми треба да ја отслика реалноста на Ромите во нашата земја, но и да обезбеди конкретни мерки, промена на закони, активности и финансиска рамка. Ние како Влада ќе се заложиме за континуирано зголемување на буџетот за да имаме забрзана интеграција на Ромите во нашата држава, рече Заев.
Владата, нагласи тој, продолжува со интегративните и афирмативните мерки во постигнувањето на стратешките определби за Ромите и во тековната 2021 година се планирани околу еден милион евра.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година