-->
-->
Заев: Родната куќа на Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом, како значаен споменик на културата
-->
Богатото и комплексно минато на нашата земја и на цивилизациите испреплетени на нејзините простори, ни оставија споменици на разновидноста и на иднината, кои сме должни да ги чуваме и да ги афирмираме како наш придонес во светската културна и споменична ризница, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод 18 април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, кој оваа година се одбележува под мотото „Комплексно минато: разновидна иднина“.
-Оваа година Македонија на светот му го принесе духовното наследство на Блаже Конески како сведоштво за нашата посебност и автентичен идентитет, а светот го прифати овој наш дар и 100 годишнината од раѓањето на Конески го вклучи во календарот на значајните настани за 2021 на УНЕСКО. Како наш дополнителен придонес за оддавање почит на неговото големо дело, родната куќа на академик Блаже Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом, како значаен споменик на културата од македонската рурална архитектура, објави Заев.
Куќата на големиот поет и македонист е уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена со елементи според автентичниот изглед кога е изградена, а денес, дел од собите се музејски простории и места за културни средби.
Премиерот на Фејсбук пишува дека денес куќата на Конески е меморијален и едукативен центар, отворен за поетски и духовни средби и сведоштво кое ја потврдува мисијата на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, како препознаена и заштитена убавина од нашето минато која му припаѓа и на светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање