Заев: Реформската агенда се врати во Собранието
Реформската агенда се врати во Собранието. Треба да честитаме за одговорноста на двотретинското мнозинство пратеници, кое вчера ги донесе измените во законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и за судовите, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Со измените, како што посочува Заев, се зајакнува контролата врз полицијата, граѓаните се заштитени од неовластени ограничувања на правата, нема повеќе самоволно прислушување.
– Граѓаните се побезбедни, полицијата работи во законски рамки со зајакната контрола. Ја ослободуваме „заробената држава“ од криминалните стеги во минатото, вели Заев.
Овие реформи, како што истакнува премиерот, произлегуваат од извештаите на групата на Прибе и на други меѓународни организации, и се суштински придонес во европската агенда на Македонија во перидот на скрининг процесот на ЕУ до отворањата на поглавјата во јуни 2019 година.
– Европски стандарди за европска Македонија, наведува Заев на ФБ.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“