Заев: Референдумот ни ги отвора вратите за интегрирање во ЕУ и НАТО
Голема работа и се случува на Македонија и се што правиме, правиме со голема трудољубивост, упорност и со љубов, истакна претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев на вечерашниот граѓански собир во Демир Хисар.
Тој рече отворени ни се сите прозорци, отворени ни се сите врати за да се интегрираме во ЕУ и во НАТО.
- Конечно после 27 години созреа времето и убеден со во исправноста на одлуката затоа што верувам до небото, верувам дека нашиот народ ќе ја потврди оваа одлука на 30 септември, посочи Заев.
На собирот во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, Заев ги појасни деталите од Договорот со Република Грција.
- Со постигнатиот Договор нашиот јазик конечно ќе биде признат од сите. Македонскиот јазик ќе биде 26. официјален јазик во ЕУ и нашиот јазик ќе биде јазик на ЕУ, според кој ќе се преведуваат сите официјални документи и на македонски јазик, како и на јазиците од другите држави членки на ЕУ и нема повеќе да се случува во европските извештаи кога ни ги испраќаат да пишува „вашиот јазик, вашата држава ..., рече Заев.
Со ЕУ и со НАТО доаѓаат европски правила. Европа значи дека и ние треба да бидеме европејци, вистински професионалци со зголемена продуктивност и да им служиме на граѓаните според европски правила. Само на тој начин, ние навистина ќе бидеме продуктивна нација која ќе живее достоинствено и од својот труд.
На средбата со граѓаните во општина Демир Хисар, премиерот Заев одговараше и на поставени прашања и заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија Ирена Стефоска ги повикаа граѓаните на Демир Хисар масовно да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат „за“.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар