Заев: Разговарав со 7-те преживеани граѓани, сите се во добра состојба надвор од животна опасност
Имав прилика да ги посетам нашите 7 сограѓани во болницата овде во Софија, сите се во добра состојба, надвор се од животна опасност кажа премиерот, Зоран Заев на заедничката прес конференција со бугарскиот колега, Стефан Јанев по трагедијата со автобусот на „Беса транс“.
- Јас имав прилика да ги посетам нашите 7 сограѓани во болницата овде во Софија, сите се во добра состојба, надвор се од животна опасност, некој се со полесни повреди, некој се со малку потешки повреди и секако во кординација со нашите здравствени власти тие наши сограѓани кој што ќе бидат подготвени да се вратат дома во болниците во Скопје или на домашно лекување во Скопје или во градовите од каде што доаѓаат, секако ќе бидат транспортирани, она кое што сите ги интересира а тоа е дали знаеме нешто повеќе за причините, јас не би коментирал поради тоа што експертите и професионалците да ги кажат сите детали од самата истрага затоа што само така е исправно. Денеска исто и во Скопје, Владата на Република Македонија има седница и се подготвува решение за прогласување на денови на жалост, а исто така и министерот и претседател Јанев ме информира дека и Бугарија исто тоа го прави со сите неопходни чекори за да се прогласи денови на жалост, кажа Заев.
Ново на Сител
-
До Собранието сè уште не е пристигнат предлогот за Азир Алиу да биде нов министер за здравство
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Teма на денот со Синиша Ивановски, директор на Железници инфраструктура