Македонија
8. November 2018 - 16:27

Заев: Придавката Северна ја нема во членот З6 од уставот поради историски контекст

Членот 36  во кој по уставната ревизија  ќе остане терминот Македонија има историски аспект и затоа тука не е потребна промена на името, објаснува премиерот. Заев вели дека ова решение е во согласност со преспанскиот договор, иако престедателот на Грција Павлопулос  пред неколку дена изрази загриженост поради користњето на терминот Македонија во овој член на Уставот.

 Секако и таму има различности во мислењето, демократија и тоа е во ред. Не можете да кажете дека антифашистичката војна создала Северна Македонија, таа создаде Република Македонија. И тој дел е историски дел. Секаде каде што е историскиот контекст секако нема потреба да се менува. Јасен е Договорот од Преспа и кажува каде се менува уставното име, односно се додава придавката Северна во Република Македонија и некаде каде што постои само Македонија. Имаме комплетно фер, праведно решение кое и принципиелно го имплементираме во уставните амандмани, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово.

Премиерот  тврди дека нема да има реконструкција на Владата, но најави декла  најверојатно ќе има смена на одделни министри кои не си ги  извршуваат своите обврски.

– Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите. Секако разговараме со коалициските партнери, кои споделиле одговорност со нас и во делот на другите ресори, рече Заев.

Заев не скаше да ги коментира барањата претседателот Иванов да го аболицира Никола Груевски и други лица обвинети од СЈО, бидејки како што истакна се работи за  повик од поединци.