Заев предлага гласање за доверба на Влада?
По неофицијалните информации дека попладнево власта на Собранието ќе покрене прашање за доверба на Владата за да го искористи присуството на сите пратеници на владеачкото мнозинство, премиерот Зоран Заев во СМС порака за Сител за тоа дали ќе има гласање за доверба на Владата и затоа баш сега: Ќе соопштам на говорница кога ќе ми даде претседателот на Собранието збор.
Со ова тој практично потврдува дека овој механизам ќе биде искористен на денешната Собраниска седница. Според деловникот прашањето за доверба на Владата може да покренат најмалку 20 пратеници но и премиерот писмено или усно на собраниска седница. Собранискиот спикер е должен за ова веднаш да го извести престедателот на државата и да закаже седница за гласање на доверба на Влада. Седницата се одржува на третиот ден на поставеното прашање.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата