Заев пред словенечките стопанственици ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија
Можностите и потенцијалите за инвестирање во Република Македонија, новите владини политики во економската сфера и во делот на странските инвестиции ги презентираше премиерот Зоран Заев на денешниот работен појадок со претставници на стопанските комори на Република Словенија, како и со претставници на повеќе значајни компании од оваа земја, кои покажале интерес за можностите за инвестирање и соработка со Македонија.
Тој ги информирал словенечките стопанственици дека Владата е подготвена да учествува во субвенционирање на гринфилд и браунфилд инвестиции кои ќе отворат нови работни мест, ќе воспостават соработка со македонски компании за суровини, услуги и репроматеријали, што ќе бидат извозно ориентирани и ќе бидат еколошки чисти индустрии.
- Сакаме да Ве увериме дека Република Македонија, со новите владини политики во економската сфера, и во делот на странските инвестиции, може да Ви понуди добра средина за развој на вашите бизнис иницијативи, рекол заев на средбата.
Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, на работниот појадок ги запознал словенечките стопанственици со министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, кои споделиле информации за кои беа заинтересирани претставниците на деловниот живот на Република Словенија.
Претставниците на бизнис заедницата на Република Словенија со одобрување ги примиле новите можности од Планот за економски раст и покажале интерес за инвестирање во металопреработувачката индустрија, во електронската, во сферата на енергетиката и автомобилската индустрија, посебно во делот на електричните возила, како и за можностите за развој на деловни активности во животната средина и фармацевстката индустрија.
Словенечките бизнисмени покажале интерес и за нови иницијативи во финансискиот и осигурителниот сектор.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана