Заев пред младите ја презентира програмата „План за живот“
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска пред младите во Скопје ја презентира програмата „План за живот“.
- Просечна плата од 500 евра, грантови од 10.000 евра за започнување бизнис, бесплатен деловен простор за сите старт-ап компании и евтини кредити со еден отсто камата до 15.000 евра, 140 милиони евра директна помош за домашните компании за отворање нови работни места,.. се само дел од програмата, рече Заев на Дебатата за маладинска гаранција што се одржа на Скопски саем.
Посочи дека програмата „План за живот“ е на 263 страници и испечатена во 100.000 примероци.
- Достапност до евтини кредити со еден отсто каматна стапка во вкупна вредност до 15.000 евра, тоа се мерки коишто ќе овозможат на младите дополнително да имаат опции за стимул да растат во бизнисот, а тие да бидат храбри донесувачи на одлуките и секако за секој старт-ап бесплатен деловен простор каде ќе имаат обезбедено сметководствени услуги, архивирање, сето она што значи одржување на самите системи и компании коишто ќе бидат во зародиш и коишто ќе се создаваат, рече Заев.
Најави дека секој бизнисмен кој ќе отвори работно место за млад човек, помлад од 32 години ќе добие 10 отсто повеќе од тоа што го следува по закон како стимулација.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот