-->
-->
Заев: Прашањето за македонското малцинство ќе биде уредено согласно европската пракса
-->
Начинот на промена на членот 49 од Уставот е унифицирање со европската пракса за тоа како се води грижа за дијаспората, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конеференцијата на која го најави договореното за спорот за името со Грција.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали договорот содржи одредба со која се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората, како што јавија грчките медиуми, Заев посочи дека станува збор за усогласување со европската пракса.
- На тој начин ќе го прецизираме делот за грижата за нашата дијаспора, каде и да се наоѓаат во светот, а при тоа да не иритираме кој било од соседите, додаде премиерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник
-
Мерц по средбата со Макрон: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната