-->
-->
Заев- Помпео: Силна поддршка од САД за членство во НАТО и за старт на преговорите со ЕУ
-->
Проекцијата за развој на соработката меѓу Северна Македонија и САД како стратешки партнери, со посебен акцент на потенцијалот за натамошно унапредување на економските односи и за привлекување нови американски инвестиции во земјава, беа доминантана тема на средба доминантна тема билатералната средба на премиерот Зоран Заев со американскиот државен секретар Мајк Помпео.Во состав на делегацијата на нашата земја на средбата беа и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
– Посебно внимание за време на разговорот беше посветено на успешната соработка и партнерство во доменот на одбраната, особено меѓу АРСМ со Националната Гарда на Вермонт, како и во рамки на воените мисии ИСАФ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, се наведува во соопштението.
На средбата меѓу владината делегација и државниот секретар на САД и неговата придружба, било нагласено дека останува силната и континуирана американскаподдршка за финализирање на постапката за полноправно членство во НАТО и за напредокот на Република Северна Македонија во процесот за членство во ЕУ.
Како што се посочува во соопштението, на средбата се разговарало и за прашања кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот со Вашингтон како главен промотор на политиката на проширување на Алијансата со државите од Јадранската повелба.
Пред билатералните разговори, Заев и Помпео имаа и тет-а-тет средба. Помпео во рамки на еднодневната официјална посета на нашата земја, претходно се сретна и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Растат цените на нафтата на светските берзи
-

Се проширува акцијата за нелегален увоз на филери и ботокси, приведени повеќе лица
-

Јаневска: Набргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност
-

Три игри, три шанси за добивка - само со „Златна треска“ на Државна лотарија!
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници, биле затрупани со земја на градилиште во Скопје
-

Определен 30 дневен притвор на поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме со хаосот што го наследивме
-

Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Либан и Израел за три недели
