Заев: Партиите се важни, но најважни се самите личности за кандидати

Најважните анкети се на изборите. Овие се избори на личности. Партиите се важни, но најважни се самите личности за кандидати, истакна премиерот Зоран Заев од Кривогаштани, коментирајќи ги резултатите од анкетата на Националниот демократски институт спроведена од ИПСОС.
– Се работи за регионална анкета што ја направи ИПСОС од Белград во март и април. Примерокот е многу мал заради тоа што покрива само еден дел на нашата земја, после тоа излегоа анкетите во јуни и јули и мај-јуни. Првата беше на ИРИ, после дојде анкетата на Прима Галуб, кои исто така се на значителен примерок, повеќе од 1.100 испитаници, ги кажуваат резултатите, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по увидот на реконструкцијата на патниот правец Кривогаштани-Житоше.
Истакна дека со коалициските партнери од албанските партии се договориле да се поддржуваат во првиот или вториот круг во зависност од тоа со колку кандидати ќе настапат.
– Таму каде што сите ќе имаме кандидати, граѓаните ќе ни кажат кој и каде ќе добие шанса за втор круг. Тогаш ќе се поддржиме во вториот круг, веројатно во спротивставеност со опозиционите кандидати. Тоа ја јакне коалицијата, го чува мултиетничкиот карактер на државата. Заедничкиот настап на сите партии, на сите етнички заедници е уникатен и треба да го чуваме и негуваме, рече Заев.
Ново на Сител
-

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја
-

Шкендија убедлива со Шкупи, Струга поразена дома од Тиквеш
-

Израелската амбасадорка ги поздрави акциите на македонските власти за истрагата на обидот за палење на синагогата
-

Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
-

Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак
-

МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, осуммина возеле без дозвола, од кои еден малолетник
-

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
-

Туск: Европа не е осудена на авторитаризам по изборите во Унгарија
