Заев - Пацоли: Македонија и Косово немаат отворени прашања
Владата на Република Македонија е определена да гради добри односи со Република Косово, како и со сите соседи и со тоа активно да придонесе кон иднината на целиот регион на Западен Балкан, во Европската унија и во НАТО, истакна денеска премерот Зоран Заев на средбата со косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли.
- Имаме потенцијал, како две нови влади кои мислат добро за своите граѓани и своите држави, да направиме исчекори во евроинтеграциските процеси, оцени премиерот Заев.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата заеднички е констатирано дека Македонија и Косово немаат отворени билатерални прашања, што отвора големи можности за унапредување на односите меѓу двете држави.
- Посветени сме како Влада, да го подобриме квалитетот на живот на нашите граѓани и да ги отвориме евро-атлантските перспективи. Ќе ги преземеме сите потребни чекори за остварување на граѓанските и државните цели, додаде премиерот Заев.
Соговорниците дискутирале за конкретни области во коишто ќе се интензивира соработката помеѓу Македонија и Косово. Тоа се економијата, енергетиката, инфраструктурата, царински олеснувања, поедноставен проток на луѓе и стока. Договорено е владите на Македонија и на Косово да ги поттикнат бизнис заедниците и коморите за поцврста и поактивна соработка, како и реализација на почести средби на високо владино ниво.
Министерот Пацоли истакнал дека Косово ги поддржува НАТО интеграциите на Македонија што ќе придонесат кон зацврстување на безбедноста и ќе влијаат на перспективите за целиот регион, а изразил и отвореност за примена на искуства од Македонија во ЕУ интеграциите. Тој оценил дека Заев со огромна вештина и достоинство воспоставил едно општество за сите. Со тоа, како што оценил косовскиот министер за надворешни работи, премиерот Заев покажал како се почитуваат луѓето независно од каква било различност и направил пресврт во односите и почитувањето помеѓу граѓаните во Македонија, за што ја има почитта на целиот регион и светот, вклучувајки ја и Република Косово.
На средбата се разговарало и за можноста за реализација на средба на највисоко премиерско ниво.
Ново на Сител
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска
-
МЗ: На лекување во странство се 69 пациенти, нема промена во нивната состојба
-
45-годишен скопјанец физички нападнат од група малолетници во двор на основно училиште
-
Приведени двајца скопјани, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив
-
Протестен „Марш за ангелите“ се одржа во Кочани
-
Сообраќајна несреќа во Струга кај магистралниот пат А-2, три лица се здобиле со повреди
-
Уапсен 27-годишник од Македонска Каменица, со 1,70 промили алкохол управувал со возило
-
Бесент: Од царините годишно САД би можеле да заработат од 300 до 600 милијарди долари