Македонија
9. March 2021 - 20:11

Заев: Овој месец ќе започне масовната вакцинација

Во денешната Тема на денот на Сител Телевизија премиерот Зоран Заев посочи дека до крајот на март, според најавите на производителите и според потпишаните договори, се очекуваат поголем број вакцини од секаде, па затоа овој месец ќе започне масовната вакцинација.

-Ќе се потрудам да го соопштам тоа што го знам, договорот со Фајзер е потпишан и до крајот на март очекуваме 21 000 дози, во април и мај поголеми количини. Преку системот на ООН, Ковакс, 20 до 30 000 дози пристигнуваат овој месец. Очекуваме од Русија другите количини да ни ги достави, како и сите 200 000 вакцини од Кина. Споделуваме се со јавноста на транспарентен начин, но не зависи од нашиот труд и заложба, туку од светскиот недостаток за вакцини, вели Заев.