Заев очекува исчекор од денешната средба за името во Виена
Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува исчекор од денешната средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц.
Како што рече денеска премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на годишната програма за вработување, верува во двајцата министри за надворешни работи, а и тој самиот е оптимист.
- Има напредок кој ни дава причина да направиме исчекор и на денешната средба во Виена. Европскиот однос, преку дијалог, да се изнаоѓаат решенија, ја испраќа пораката за добра идина, нагласи Заев.
Во врска со собраниските случувања од 27 април лани кои за два дена ќе одбележат една година, Заев порача дека поуката која ја извлековме е да не се повтори никогаш повеќе.
- Убеден сум дека ќе има правна разрешница. Дека инволвираните лица ќе одговараат и дека правниот систем нема да затаи, туку ќе донесе правични одлуки, потенцира премиерот.
За најавената реконструкција во Владата, кажа дека разговорите се при крај и дека по првомајските празници тој лично ќе излезе да и соопшти на јавноста за одлуките.
- Повеќе ги користам викендите за овој тип разговори и овој викенд што е пред нас тие ќе привршат, дополни Заев
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата