Заев: Немаме друг пат освен кон ЕУ и европските вредности
Северна Македонија немаме друг пат кој е водилка и кон кој тежнее освен ЕУ и тоа поради европските вредности, истакна премиерот Зоран Заев да денешната прес-конференција.
– Ние ја посакуваме Европа, не за да влеземе на територијата на ЕУ, кога веќе сме дел од европскиот континент, туку поради европските вредности. Овде ќе биде како во Европа, затоа што нашите деца ќе се чувствуваат како децата во Европа. И тоа мора да го продолжиме, истакна Заев.
Тој нагласи дека 27 од 28 лидери на ЕУ беа за почеток на преговорите со земјава, додавајќи дека ја разбира дилемата што ја има Франција и тоа не треба да не обесхрабрува
– Верувам дека ќе го коригираат својот став, затоа што ЕУ е создадена со смисла. Има причини зошто ЕУ мора да постои. За да биде силен, унисон, здружен партнер, наспроти САД, Русија, Кина и целиот свет и да демонстрира демократски вредности, рече Заев.
Тој потенцира дека по вчерашната негативна одлука на Европскиот совет му се јавиле без малку речиси сите премиер и претседатели на членките на ЕУ за да го охрабрат него и нашиот народ да продолжиме по европскиот пат и да ни порачаат дека тие се тука за нас.
Заев нагласи дека ЕУ ќе ги надмине разликите, бидејќи има интерес на Западниот Балкан, како што и ние имаме интерес од ЕУ.
– Не треба да се откажуваме. Ние по распоред ги знаеме реформите што треба да ги направиме. Ние сакаме да бидеме членка на Европската Унија, заради европските вредности овде, додаде Заев.
Тој нагласи дека ние ќе станеме членка на ЕУ и ќе придонесеме со работа дома да блеска нашето сонце и повторно „да ги запалиме ѕвездите кои не водат како стратегија кон која тежнееме“.
Ново на Сител
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата