Заев: Немам закажано средба со Борисов
Премиерот Зоран Заев денеска изјави за ТВ 21 дека нема закажано средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.
-Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара, вели премиерот.
За десетина дена треба да се одржи Советот на министрите на ЕУ, на кој на дневен ред повторно ќе биде прашањето за можност за официјален почеток на преговорите со Европската унија, откако Бугарија на состанокот на 17 ноември стави вето и остана на своите барања за воведување на неколку услови во преговарачката рамка.
Премиерот Заев по интервјуто за БГНЕС, кое предизвика реакции во јавноста, потенцира дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик.
-Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но сака да зборува за историјата, за минатото и за корените, рече Заев.
Повтори дека двете страни треба да направат се за да се дојде до решение со меѓусебно разбирање, со подавање рака, градење на пријателство да продолжи интеграцијата на целиот Балкан во ЕУ, заради тоа што тоа не е само наша аспирација и стратешка цел, тоа е аспирација и стратешка цел и на нашиот источен сосед, пријателска Република Бугарија.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба