Заев не се појави на суд, одложено судењето за „Пуч“

Судењето за случајот „Пуч“, чиј почеток беше закажан за денеска во Основниот суд Скопје 1, е презакажано за 7 септември поради отсуство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е еден од обвинетите.
Судијата Љубинка Башеска констатираше дека Заев е неоправдано отсутен и дека нема сознанија зошто не се појавил пред Судот.
Адвокатите на одбраната побараа судењето да биде одложено на подолг рок, бидејќи има постигнато политички договор случајот да го води специјален обвинител.
Судијата Башеска рече дека не ја интересираат политичките околности, бидејќи за случајот се уште има луѓе во притвор, поради што бараше судењето да биде закажано на пократок рок.
Заев неодамна изјави дека нема да се појавува на судењето за „Пуч“ бидејќи не го признавал македонското судство.
Во случајот „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица Бранко Палифров, лидерот на СДСМ Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се осомничени за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
