Заев не сака избори но очекува победа, иницијативата за промени закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Заев тврди дека предвремени избори нема да има но доколку тие се случат, неговата партија ќе однесе убедлива победа.
Вели дека не е загрижен од најавите дека пратеници од власта ќе преминат во опозицијата.
Засилените активности на сите политички партии и иницијативи оставаат впечаток дека сепак постои голема можност заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори. И лидерот на опозицијата но и првиот човек во власта секојдневно се на терен а денеска и иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ закажа вонреден партиски конгрес.
„Делегатите сметаат дека е недозволиво претседателот на кој што му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг.
Затоа иницијативниот одбор одлучи, со поддршка на мнозинството членови да свика седница на Конгресот надвор од редовниот термин.
Иницијативниот одбор одлучи да го закаже 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28-ми Март во Скопје.“ – стои во соопштението испратено утрово.
Мериот коалицијата се јавува секогаш кога Заев е во тесно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повторија барањето за брзи предвремени избори а за тоа имаат поддршка од целата опозиција во Собранието. Тоа ги носи во ситуација во која до мнозинство за распуштање на Собранието им фалат само тројца пратеници за кои лидерот Мицкоски рече дека наскоро ќе бидат обезбедени.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар