Заев најави средба со Мицкоски за Пописот, ЕУ и СЈО

Предлог законот за пописот е пуштен во парламентарна процедура која ќе трае. Пописот е во согласност со стандардите со Евростат, информираше денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека на оваа тема е важна и соработката со опозицијата.
Тој изрази верување дека идната недела ако е слободен лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе имаат средба односно брифинг за тоа што треба да се направи и за донесените европски одлуки и очекувањата за движењето за седницата на нашата влада и ЕУ кога ќе се отворат поглавјата 23 и 24.
– Ќе разговараме и за пописот, за законот за ЈО, во кој е и проблемот со иднината на СЈО. Верувам дека ќе поразговараме и за Изборен законик, модел, да формираме групи. Имаме доволно долг период до редовните избори за посветено и професионално да се посветиме и да ги вградиме препораките дадени од ОДИХР. Ќе разговараме најверојатно и за други прашања кои веројатно и опозицијата ќе ги отвори. Треба да го држиме дијалогот отворен и на ваквите средби ќе ги најдеме решенијата што на која било од страните им претставува одредена резерва или грижа, изјави Заев по денешната презентација на новата мобилна лабораторија во Бирото за метрологија.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
