Заев: На утрешната седница ќе ја потврдам намерата за разрешување на Пауновски

Премиерот Зоран Заев утре на владина седница ќе ја потврди својата намера за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски кој отворено одби да прифати во неговата институција да бидат прераспределени 35 „рамковни административци“.
– Одлуката ќе биде донесена според јавните прописи, но нема да дозволам непочитување на законите иако Пауновски е мој пријател. Ќе ги слушнеме и сите аргументи вклучително и вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе биде донесена одлуката на Владата – рече Заев.
Пред тоа во 9 часот премиерот ќе се сретне со претставниците на вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе ја прими нивната петицијата во која тие застануваат за Пауновски.
-Утре ќе ги примам инспекторите за да ја примам петицијата и да ги видиме успесите на Државниот пазарен инспекторат. Ние знаеме што постигна инспекторатот во овие три години и за време на пандемијата и колку во тоа придонел Пауновски, но процесот на распределба на административците кои не работеа е значаен. Потоа на седница на владата јас ќе ја потврдам својата намера за разрешување на Пауновски – рече премиерот.
Тој рече дека смета оти Пауновски не постапувал според законот и етичкиот кодекс.
– Сакам да кажам дека Пауновски е информиран за програмата К-5 со која се распределуваат административците, но тој не го сторил тоа што го барала Владата во одлуката, односно не ги усогласил актите за да можат да се прераспределат административците. Владата ќе постапи според законот – рече Заев.
Заев рече дека постои отворена можност и за промена на ставот по средбата со инспекторите и седницата на владата ако за тоа постојат аргументи.
-Сум бил цврст и толерантен и ќе ги слушнеме сите аргументи според кои ќе се донесе одлуката, но јас сум сврст на ставот што го кажав за негово разрешување. сакам да се почитува законот за хиерархијата и етичкиот однос и поставеност спрема претпроставените -рече Заев.
Ново на Сител
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
