Заев на средба со министерот за одбрана на Кина разговарал и за испораката на вакцините „Синофарм“
Премиерот Зоран Заев прими делегација на Министерството за одбрана на Народна Република Кина предводена од министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе, на која апелирал тој да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200 000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјава која ќе почне утре.
– Генерал Веи Фенгхе на средбата истакна дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради КОВИД-19, соопшти владината прес-служба по средбата на премиерот Заев со делегацијата на Министерството за одбрана на Кина, на која присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Претседателот на Владата Зоран Заев во своето обраќање пред гостите од НР Кина нагласи дека двете земји ги исполнуваат своите обврски од Договорот за соработка во сферата на одбраната, особено во делот военото образование и обуки. Премиерот Заев посебно се задржа на економската соработка меѓу двете земји и изрази надеж дека работните тела на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и НР Кина набргу ќе ги завршат разговорите за укинување на визите со што ќе се постигне уште еден значаен чекор за уште поголем раст на трговската соработка, како и за интензивирање на соработката во туризмот, се наведува во соопштението.
Укинувањето на визите, рече премиерот на средбата, ќе помогне да се оствари амбицијата на двете земји трговската размена идната година да достигне вредност од 1 милијарда американски долари, која во 2020 година достигна 763 милиони долари.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите