Заев на средба со македонските претставниците на Европските младински олимписки игри во Сараево
Пред почетокот на Европските младински олимписки игри во Сараево денеска премиерот Зоран Заев се сретна со Ана Марија Зафировска и Никола Петковски, кои на игрите ја претставуваат Македонија.
Зафировска и Петковски ќе се натпреваруваат во дисциплината „крос кантри“, а овој настап за нив ќе биде прво меѓународно искуство.Петковски настапува утре, во трката на десет километри слободно, додека Зафировска задутре ќе учествува во трката на пет километри слободно.
Премиерот Заев посакувајќи им среќа и успех ја посочи поддршката од сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти владината служба за информирање.
– Успехот во спортот носи голема радост и секако е најголем амбасадор на една земја, рекол премиерот Заев на средбата.
На Европскиот олимписки фестивал за млади, на кој настапуваат спортисти од 14 до 18 години, ќе има 911 натпреварувачи од 50 земји од светот.
ЕИОФ во Сараево се одржува во период кога градот ја прославува 35-годишнината од организацијата на Зимските Олимписки игри во 1984 година.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци