Заев на состанок со НДИ: СДСМ е креатор и промотор на политиките за целосна еднаквост меѓу жените и мажите
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева попладнево учествуваа на состанок со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) на кој беше претставена програмата „WoMen Lead – Унапредување на родовата еднаквост преку политичкото учество на жените“, финансиран од Шведската агенција за развој и соработка, СИДА. Освен што го презентираа проектот, НДИ ја истакна својата поддршка за изборните реформи, партискиот интегритет, анти-корупцијата, борбата против дезинформациите, како и вклучувањето на жените и младите во процесите на креирање политики.
Во своето обраќање, претседателот Заев ја искажа својата благодарност за досегашната соработка со НДИ истакнувајќи дека и преку вакви соработки со реномирани меѓународни организации, СДСМ се менува и демократизира.
Претседателот Заев истакна дека СДСМ е креатор и предводник на концептот „50-50“ односно целосна рамноправност меѓу жените и мажите и дека тоа се потврдува и во реалноста и не е само декларативна заложба.
„Горд сум што можам да кажам дека денес СДСМ е партија креатор и предводник на принципот 50-50, на целосна еднаквост меѓу жените и мажите. Тоа за нас е вредност и не го тврдиме само декларативно, туку и го покажуваме на дело. Имаме претседател и заменик претседателката, имавме пратенички листи со 12 носители, во секоја изборна единица поеднакво. Значи и преку застапеноста во телата на партијата, но и преку мерките и политиките што како партија предводник на Владата во континуитет ги спроведуваме а кои водат до целосна родова рамноправност, унапредување на женските права, економска независност на жените но и поголема заштита и превенција на родово базираното насилство. Секако дека овие теми и во Македонија но и на Западен Балкан се уште се теми кои со себе носат бројни предизвици за чие решавање е потребен инклузивен, сеопфатен и иновативен пристап. Затоа, чест ми е што токму НДИ и СИДА преку оваа програма „WoMen Lead – Унапредување на родовата еднаквост преку политичкото учество на жените“ уште еднаш ќе дадат силен придонес во унапредувањето и заштитата на правата на жените и силно ќе влијаат на унапредување на родовата еднаквост.“ посочи претседателот Заев.
Претседателот Заев изрази надеж дека преку програмата „WoMen Lead – Унапредување на родовата еднаквост преку политичкото учество на жените“ дополнително ќе ја унапреди работата на СДСМ во интерес на сите граѓани.
„Уште еднаш ја користам приликата да ви се заблагодарам за досегашната соработка, за досегашните искуства што како партија ги имаме стекнато преку проектите и програмите на НДИ кои многу помогнаа СДСМ да биде она што е денес, модерна, отворена, динамична партија која работи во интерес на сите категории граѓани. Немам сомнеж дека и оваа програма позитивно ќе влијае врз функционирањето на нашата партија особено во делот на рамноправноста. СДСМ е отворена за нови подобрувања. СДСМ победува, но СДСМ се менува, а се менува и преку нови знаења и искуства, преку вакви успешни соработки со меѓународни реномирани организации како што е НДИ“ порача Заев.
Центар за комуникација со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник