Македонија
24. July 2018 - 16:40

Заев: На регионот му е потребна евро-атланска интеграција

Ние лидерите од регионот се поврзавме меѓусебе и внесовме нова енергија. Промовиравме како еден лидер треба да се издигне над предрасудите, и сам да стане мост, поврзувајќи се и со другите лидери кои што им мислат добро на своите граѓани, истакна премиерот Заев, во своето обраќање на манифестацијата во Мостар, како минатогодишен добитник на наградaта “Мостарска повелба на мир”.

- Ако нашиот регион е стабилен, безбеден и развиен, И европа ќе биде стабилна безбедна и развиена.Таквата европа ќе придонесе  за безбеден, стабилен и развиен свет. Свет на мирот, свет на развиени деца, енергични млади луѓе кои живеат и работат во својата земја. Свет на достоинствени граѓани. Тоа е она што нас не поврзува.

Со моите заложби, поддршката на граѓаните и другите пријатели од Европа и Светот мојата држава успе да добие повик за почеток на преговорите за пристапување кон ЕУ и доби повик за полноправно членство во НАТО, рече тој.

- По мирната разврска на политичката криза, ние сме посветени на владините обврски. Да бидеме сервис на граѓаните, и да ги реализираме промените кои што ги избраа граѓаните, Резултат од овие промени е поголем животен стандард, економски просперитет, членство во ЕУ и во НАТО. Затоа верувам дека нашите граѓани заедно и сплотено ќе ја реализираат својата визија преку успешен референдум.

На свечената манифестација, Претседателот на македонската Влада им честита на овогодинешните добитници на наградата, премиерот на Грција, Алексис Ципрас и на Црна Гора, Душко Марковиќ.