Македонија
12. July 2015 - 16:25

Заев на поправен кај Хан и Нуланд

Утре во Македонија доаѓа двоецот Нуланд – Хан, со што всушност и САД и европа уште еднаш, најактивно  се вклучуваат во обидите за решавање на политичката ситуација.

Пред да дојде во Македонија, американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд подготви терен, со повикот политичките лидери во Македонија да ја искористат можноста која се нуди и да го спроведат договорт за нормализирање на политичката состојба на еврокомесарот Јоханес Хан.

Оваа порака, според познавачите, јасно става до знаење за високата американска дипломатка, а со тоа и за Вашингтон дека е неприфатливо одбивањето на преговорите од страна на Заев.

Наспроти ова, а согласно барањата на Европската комисија за имплементација и адресирање на листа итни реформи од страна на македонската држава, премиерот Никола Груевски, на последната средба го претстави владиниот нацрт-план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеењето на правото што е потребно да се спроведат согласно точката шест од договорот на 2 јуни.

Според истата практика и еврокомесарот за соседската политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, пред да допатува во Скопје го изнесе својот став за тоа во која насока ќе се движи неговото посредување -  тој порача политичките чинители во земјава да не губат време и да направат компромис.

ЕУ минатата недела остро реагираше на оваа одлука на Заев, и преку портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ. Коцијанчиќ излезе со клучна и директна порака. Таа посочи дека овој договор е основа за конечен компромис и мора да бидат имплементирани одговорностите што се преземени од истиот.

Договорот од 2 јуни беше постигнат со посредство токму на еврокомесарот Хан. Иако две недели по лидерската средба немаше конкретен исход, имаше позитивни сигнали и аналитичарите очекуваа да има договор за неколку дена, и дури тогаш повторно да се вклучи Јонаес Хан.

Но, со изјавата на Заев сето тоа падна во вода, а со тоа и одредувањето на најавените предвремени парламентарни избори во април 2016 година, според договорот постигнат на 2 јуни. На лидерските средби беа присутни и амбасадорите на ЕУ и на САД во земјава Аиво Орав и Џес Бејли.