Заев на Фејсбук: За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда
Премиерот Зоран Заев се огласи на својот Фејсбук профил во врска со иницијативата поднесена од опозицијата за гласање доверба на владата.
„За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.
Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.
Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.
Нашата кауза е и граѓанска и државничка.
Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.
Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности“, напиша Заев на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик