Заев: Моите денови како премиер се броени во неколку недели

Моето останување во овој дополнителен период е заради обезбедување на парламетнарно мнозинство и еве мислам дека денеска оваа работа ја завршувам, истакна денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Рече дека неговиот став е најголемата политичка партија во парламентарното мнозинство да го има својот претседател на мандатар и нов премиер.
-Моите денови се броени во неколку недели, во останување. Со тоа се очекува да има нова Влада, којашто ќе предложи нови министри, нов премиер, отако ќе биде извесно ова со Бугарија. А недели се во прашање, рече Заев.
Вели дека уште во следната недела Алтернатива ќе почне да ги презема институциите.
Заев поднесе оставка по поразот на локалните избори. Следната недела СДСМ ќе избере нов претседател на партијата. Кандидати за претседател на партијата се заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и поранешната потпретседателка на партијата, Фросина Ременски.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
-

Охрид има услови за развој на планински туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
