Заев: Мицкоски да дојде на лидерската, немам намера да исполнувам желби за предвремени избори

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата повторно го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да дојде на лидерската средба в петок, истакнувајќи дека таа ќе се одржи без разлика на неговото учество и оти е негова одговорност дали ќе се појави на средбата.
– Јас сум подготвен за се да разговарам вклучувајќи го она што Мицкоски сака да го нотира. Правам уште еднаш обид, ред е да се појавиме таму. Не мора да се договориме за сите прашања но треба да разговараме. Тоа е наша обврска, рече Заев.
Според него, не можеме да бидеме нормална земја ако лидерите не седнат да разговараат за пописот, бидејќи тој не може да се одложи за уште десет години.
– Треба да седнеме и да ги заокружиме сите евентуални резерви што некои ги има за да го гарантираме успешниот процес на попис. Пописот и треба на државата како леб. И треба за економските параметри, за следна фаза на децентрализација, за рамномерната распределба по регионите, за секаков вид здравствени и образовни политики, не случајно на десет години цел свет прави попис. И не знам кој е аргументот да избегнете вакво прашање, рече Заев.
Според премиерот, Мицкоски бара да се разговара за предвремени избори, но, како што рече, прво треба да се договорат за Изборниот законик, за чие носење препораки даде и ОДИХР.
Премиерот оцени дека е неодложно носењето на законот за Јавно обвинителство.
– Јавното обвинителство не е само моја обврска. Сите ние кои се залагаме за правна држава не можеме да оставиме да не се донесе законот за Јавно обвинителство, рече Заев. Мицкоски вели дека ќе го направи пепел законот за ЈО. Зошто да го направи, затоа што води истраги за висока корупција на познати носители на функции во ВМРО-ДПМНЕ? За кој сака нека се однесува, законот мора еднакво да важи за сите, рече Заев, додавајќи оти тоа не треба да се одложува.
Повтори дека лидерската средба ќе се одржи в петок, сите теми се потенцијал за разговор, но оти нема намера да исполнува желба за предвемени избори.
– Немам намера да исполнувам желби за предвремени избори, иако знам дека ќе победам, дека власта ќе победи. Но немам намера само заради тоа за да не наштетам на економските перспективи на граѓаните, додаде Заев.
Рече дека очекува Мицкоски да се појави на лидерската средба, истакнувајќи дека тој, како еден од политичките партиципиенти, ќе продолжи да ги турка процесите што ќе ја внесат државата во НАТО и ЕУ, како и зголемувањето на економските параметри, бидејќи, како што рече, тоа е очекувањето на граѓаните.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
