Заев: Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем, систем кој ја испорачува правдата
Токму на Денот на македонското правосудство пристигна позитивен Извештај за состојбите со човековите права на американскиот Стејт департмент, во кој е констатирано дека Владата покажала сериозна почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години, вели премиерот Зоран Заев во пораката упатена до сите судии и обвинители, адвокати, и сите останати вработени во правосудниот сектор по повод Денот на правосудството.
– Ова е уште еден доказ дека тоа што го работиме дава и ќе дава резултати и дека реформите во правосудството остануваат наш врвен приоритет. Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем. Систем кој ја испорачува правдата. Голем придонес за оваа придобивка даваат самите судии кои преку Судскиот совет започнаа динамична проверка на работата на судиите, и тој процес веќе ги дава првите резултати, вели Заев.
Приоритетен предизвик во претстојниот период, како што посочува премиерот, е воведувањето на современа информатичка технологија во работата и дигитализација на македонските судови.
– За таа цел се предвидува модернизација на над 100 судници во државата, за остварување на овој приоритет Владата ги обезбедува сите услови, додава Заев.
Премиерот во пораката до сите судии и обвинители, адвокати, и сите останати вработени во правосудниот сектор им посакува успех во остварувањето на нивните професионални обврски кои, како што вели, сами по себе се придонес за јакнење на правната држава, како и учество во нашата заедничка мисија да ги унапредуваме човековите права, да градиме независен и непристрасен правосуден систем базиран на европските вредности.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
