Заев ја продолжува посетата на БиХ

Премиерот Зоран Заев денеска ја продолжува дводневната посета на Босна и Херцеговина каде вчера оствари средба со претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
Двајцата премиери по средбата најавија дека заедно со црногорскиот колега Душко Марковиќ, ќе испратат заедничко писмо до сите авиокомпании, заинтересирани да воведат авиолинија Сараево – Подгорица – Скопје, како и дека иницијативата е отворена и за други земји, како што е Република Бугарија.
- Ја користиме секоја можност да ја унапредиме соработката на секое можно ниво, како очекување на ЕУ, но и во корист на граѓаните на двете земји,истакна Заев пред новинарите.
Претседавачот со Советот на министри на БИХ, Звиздиќ на прес конференцијата соопшти дека Македонија и БИХ заедно ќе настапуваат и во регионалната соработка и пред ЕУ.
На работната средба е оценето дека соработката меѓу двете држави е добра и оди во нагорна линија, дека ќе се продлабочува на политичко и економско ниво, посебно со отворање добри услови за домашните и странските инвеститори во земјите, дека двете држави имаат исти цели, подигнување на животниот стандард на граѓаните, сочувување на мирот и стабилноста во државите и во регионот, и интеграции во ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
