Заев: Историски ден за Северна Македонија, од денеска сме и целосно воено интегрирани во НАТО
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на генералот Симеон Трајковски, денеска го прими командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињ, непосредно пред церемонијата за потпишување на заедничката декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО.
Со потпишување на оваа заедничка декларација официјално се заокружува процесот на воено интегрирање на Република Северна Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. Северна Македонија посветено работеше на процесите кои ја овозможија воената интеграција со што земјата гордо застанува рамо до рамо со нашите сојузници во НАТО.
Премиерот Заев, министерката за одбрана Шекеринска и генералот Лавињ, на средбата разговараа и за придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО како придонесот за стабилноста во регионот кој гарантира инвестиции во државата, но и за придонесот на Северна Македонија во мисиите на НАТО.
На средбата беше истакнато дека церемонијално потпишување на заедничката декларација е споделена чест и гордост од посветеноста на сите кои учествуваа во овој процес.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност